Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата од Управниот суд во врска со тужбата поднесена од општината откако Министерството за образование и наука им ги одзема ингеренциите во образованието.
Ministri i "kompetencave" dhe "doktori i shkencave juridike", sipas gjykatës administrative nuk paska të drejtë për…
Publiée par Arben Taravari sur Mercredi 7 août 2019
Меѓу другото, Таравари побара министерот Арбер Адеми да се извини и да поднесе неотповиклива оставка.
„Министерот за ‘ингеренции’ и ‘докторорот за правни науки’, според Управниот суд немал право кога ги одземал ингеренциите за образование на општина Гостивар. Почитуван ‘доценте’, врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси си неотповиклива оставка, не поради мене, туку поради учениците и наставниците во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години! Правдата излезе на виделина!“, пишува Таравари.