1.2K
Тој ден, во четвртокот имавме 61 пратеник без Левица. ова ви го гарантирам. Имаше уште двајца пратеници кои не можам да ги кажам со имиња, рече Арбен Таравари во денешната емисија Клик Плус на ТВ21 каде говореше како течеле разговорите за собирање потписи за рушење на владата.
-Ден пред тоа Кастриот Реџепи ми рече „Што побргу да падне оваа влада“. Што се случи во четвртокот видовме сите. Не овозможија да има дебата, па после гласање. Да дозволеа да има гласање сигурно ќе паднеше владата дури и без Кастриот, вели Таравари од АА.
Тој додава дека планот бил да падне владата па да се договори програма за новата влада како и да се договорат која партија кои ресори ќе ги води.