Таравари е против предвремени избори, но и против терминот за редовни

by Fokus

Претседателот на партијата Алијанса за Албанците, која е партнер во владејачката коалиција, и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари е оптимист дека уставните измени ќе поминат, односно ќе бидат изгласани.

„За околу две недели на пленарна седница во Парламентот ќе излезат уставните измени. Алијасна за Албанците минатата недела имаше состанок на централното претседателство. Воопшто не дискутиравме за тоа дали остануваме или излегуваме во Влада. Пред се, априори ни е важно да поминат уставните измени и ние сè уште сме оптимисти дека има шанси тие да се случат, да се започне со уставните промени. Ако не, во таков случај ќе видиме како понатаму. Како ќе се одвиваат работите потоа така и ќе одлучуваат партиските тела на Алијанса за Албанците“, изјави денес Таравари.

Тој смета дека не е добро да има предвремени избори во ноември или декември годинава, но според него тие не би требало да се одржат ниту во јули, следната година, кога е редовниот термин.

„Како што мислам дека ноември и декември не е добро да се одржат избори, бидејќи редовните претседателски се во март или април. Исто така и редовни парлементарни не би требало да има во јули бидејќи три месеци пред тоа се претседателските и ни требаат и многу пари , но и да се замараат сите политички партии за три-четири месеци мислам дека е нерационално. Муѓутоа ова е мој став. Сепак треба консензус за датумот кога ќе се одржат парламентарниите избори, за претседателските се знае ќе се одржат во редовен терми“, изјави Таравари.

На прашање, за што разговарале со лидерот на ДУИ, Али Ахмети на вчерашната средба по повод прослвата во Горна Река, Таравари рече дека не зборувале за ништо, туку заедно биле по повод настанот.

.

Поврзани новости