По неколку недели чести консултации и состаноци, време е јавно да ја објавам мојата позиција како партиски лидер во однос на парламентарните избори, напиша предмалку на фејсбук лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, барајќи поддршка од партиските органи за здружување со албанската опозиција.
„Граѓанинот бара Промена! Народот бара политички систем ослободен од корупциската епидемија, која стана најголема пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Северна Македонија. Како претседател на Алијанса за Албанците, јавно го повикувам партиското Собрание да ме поддржи на ова патување и заедно да го поздравиме овој процес кој го нарекувам голема и долго чекана промена“, напиша Таравари.
Како што порача тој, никој нема поголем кредибилитет од АА да ја донесе оваа промена.
„На пат сме, на патеката сме поплочена од Арбен Џафери. Овој пат ќе не води таму каде што припаѓаме, во големото европско семејство, секогаш негувајќи го постојаниот сојуз со САД и НАТО со кои ја делиме иста визија и исти вредности. Верувајќи непоколебливо во моите колеги партиски членови и во нашата заедничка визија, барам доверба дека Алијанса ќе влезе во изборна трка со албанската опозиција, а заедно ќе го направиме најдоброто за оваа држава“, истакна тој.