Таравари: Директорот на Фондот за здравство Стефановски се крие од мене, до крајот на неделата ќе биде разрешен

by Fokus

До крајот на неделата ќе биде разрешен директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефановски, оти не оди на работа и го игнорира Министерството за здравство, изјави министерот за здравство Арбен Таравари за СДК.МК. Тој вели дека се уште не одлучиле кој ќе го замени Стефановски, но додава дека се во потрага по компетентен, професионален и совесен кадар.

Тој ги потврди неофицијалните информации дека размислуваат во Фондот за здравствено осигурување место двајца директори, како што е сега, да има само еден директор, како и тоа дека се размислува ФЗОМ да се спои со Министерството за здравство, а не да биде издвоена институција.

Поврзани новости