Таравари: Џентлменски е да ѝ се остават на владата сто дена, па потоа на избори

by fokus

Треба да има предвремени избори иако сметаме дека треба да им се дадат сто дена. Мислам дека прво оваа влада ќе има криза на легитимитет оти актуелниот премиер никогаш не излегол на избори, вели Арбен Таравари, генерален секретар на опозициската Алијанса за Албанците за Утрински брифинг.

-ДУИ пак ветуваа прв премиер Албанец, а излажаа за тоа. Алтернатива заедно со нас излезе на избори и заедно баравме промена на ДУИ, а тие што не гласаа не гласаа Алтерантива да влезе во коалиција со ДУИ. Џентлменски е да ѝ се остават на владата тие сто дена. Нема кохезија ни во самата СДСМ, каде има разни групации кои војуваат меѓу себе,вели Таравари.

Сепак, додава дека, мнозинството во парламентот го дава легитимитет.

-Има разлика меѓу легитимитет и легалност. Оваа влада има легалност. Легитимитет е друга категорија. Според мене, неизбежно е некаде кон септември да се одржат предвремени избори, вели Таравари.

Тој додава дека времето ќе покаже, а и анкетите велат дека СДСМ е брод што тоне оти внатре се случува раскол. Таравари вели дека ни на ДУИ не им одговараат предвремени парламентрни избори со оглед на тоа што во најголемите градови каде што живеат Албанци тие ги загубија локалните избори.

Поврзани новости