Таравари денеска ќе разреши 7-8 економски директори на клиниките

by Fokus

Новиот министер за здрравство – Арбен Таравари денеска започнува со разрешување на економските директори во Клинички центар.

Како што најави, тие економски директори што се вршители на должност ќе може да се сменат веднаш, а за другите што имаат мандат, ќе бидат иницирани законски измени во Собранието.

Според него, целта е економските директори повеќе да не постојат како категорија во Клинички центар.

– Денеска ќе бидат разрешени 7-8 економски директори кои се вршители на должност. Веќе дадов наредба во министерството денеска да разрешиме одреден број економски директори на кои им завршува мандатот. До средината на јули сите в.д економски директори ќе се разрешени. За економските директори со мандат пак, ќе бидат потребни измени на Законот во Собранието. За месец или два, нема да има повеќе економски директори и со закон – рече Таравари.

Поврзани новости