Таравари денеска ќе ја објави кандидатурата за претседател на државата

by Fokus

Актуелниот претседател на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари денеска официјално ќе ја објави кандидатурата за претседател на државата.

Таравари, како што соопштија утрово од информативната служба на партијата, одлуката ќе ја соопшти на вонредна прес-конференција закажана во 10 часот, а која, според најавата, ќе се одржи на градскиот плоштад во Гостивар.

Неговата кандидатуира, се наведува, е предлог на Претседателството на Алијанса за Албанците, а поддржана од опозициските партии на Албанците, обединети во колацијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП).

На прес-конференецијата е најавено, односно ќе бидат присутни лидерите на трите партии од ЕСП – Изет Меџити (Демократско движење), Африм Гаши (Алтернатива) и Билал Касами (Движење Беса).

Поврзани новости