Таравари: Да бев на местото на Мерко, вечерва веднаш би дал оставка

by Fokus

„Јас да бев на местото на Рамиз Мерко, вечерва веднаш би дал оставка и ќе оставам друго лице да раководи со општината“.

Ова вечерва на тв21 го изјави Арбен Таравари, лидерот на Алијанса за Албанците. Неговиот коментар доаѓа по одлуката на Американската амбасада во Скопје да го стави Мерко на црната листа на САД поради корупција.

„Треба да го стори тоа, да си поднесе оставка. Мора да се расчисти со ова. Од друга страна правосудните органи не реагираат и причина за тоа е што власта има инсталирано свои луѓе во правосудните органи. ДУИ 20 години владее со тие институции со свои луѓе. Ние како политичка партија секогаш сме гласни кога станува збор за корупцијата. Сме ги критикувале функционерите на ДУИ, најмногу Рамиз Мерко. Ја поздравуваме одлуката на САД и искрено очекуваме да има други личности на листата. Очекуваме Мерко да поднесе оставка, ако ништо друго од морални причини“ – рече Таравари.

Со соопштение се јавија и од Алијанса за Албанците. Во него велат дека „Мерко учествувал во значителна корупција, присвојувајќи средства на нелегален начин и мешање во судски и други јавни постапки. Како резултат на тоа, нему и на неговото потесно семејство им е забранет влез во САД“.

„Оваа денешна определба е сигнал кој има потенцијал да ја врати надежта во Северна Македонија. Од денес САД докажаа дека никој не е недопирлив. И честитаме на амбасадорката Агелер за нејзината доследност и предупредувањето дека ќе има други определби во текот на оваа година. Корупцијата мора да има последици, но определбите нон грата не се доволни“ велат од АА.

Поврзани новости