Потпретседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска на Фејсбук побара формирање техничка ввлада, како единствено решение за надминување на состојбата во државата.
-Не е доволно само да се фокусираме на проблемите. Решението се состои во два збора, техничка влада. Без партиски натпревар, затоа што ако нешто ни стана јасно досега е дека таквите натпревари се манипулираат и нема победник, туку победен. Партискиот каприц треба да излезе од врата и од ѕидовите на владините седишта и да почне да функционира кабинет кој наместо своите ќе ги полни џебовите на граѓаните, напиша Таравари.
Тој додава дека стручна интервенција е потребна во жариштата како корупцијата, невработеноста, образованието, здравството и администрацијата.
-Економијата ќе земе здрав здив само ако соодветно се „таргетираат“ овие пет невралгични точки, бидејќи на Македонија не ѝ недостигаат пари туку транспарентност. Парите на народот одат на сметка на една мала група, па така градовите имаат по 4-5 газди, а останатите се слуги или непријатели на дворот, смета Таравари.