„Ако не се случат уставните промени, ќе се отворат многу проблеми коишто можеби ќе отворат нови прашања кои политичките партии ги немаат кажано“ смета Арбен Таравари лидер на Алијанса за Албанците.
Тој во Гостивар на настан за промоција на бесплатна правна помош кажа дека доколку францускиот предлог не биде прифатен во Собранието и не поминат уставните промени, партијата ќе гради нова стратегија.
– Ние како партија имаме конзистентен став по ова прашање и ќе ги поддржиме, но мислам дека ако не успеат уставните промени, во Македонија ќе се отвори Пандорината кутија. Во тој случај мислам дека ќе се отворат многу проблеми коишто можеби тлеат кај луѓето и кај политичките партии коишто досега не се кажани, а можеби во наредниот период ќе бидат кажани. А Алијанса за Албанците ако не поминат уставните промени, нормално ќе си има своја стратегија како понатаму ќе продолжиме со нашата стратегија – рече Таравари.
Околу контактите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дали се водат разговори, Таравари потврдно одговори и потенцира дека во ВМРО-ДПМНЕ има членови кои поинаку мислат од раководството.