208
Министерот за здравство Арбен Таравари, денеска одговарајќи на новинарско прашање,го искоментира повикот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, коалиција Влен да излезат од Владата и да се придружат на опозицијата.
Тој истакна дека Ахмети полека се навикнува во опозиција и според него потребна е само адаптација.
-Мислам дека полека се навикнува во опозиција, се надевам дека ќе се навикне уште подобро, кратко посочи Таравари.