Таравари: АА се приклучи на промената, преостанатиот дел е ДУИ во неволја!

by fokus

Алијанса за Албанците се приклучи на промената, преостанатиот дел е ДУИ во неволја, објави попладнево на Фејсбук, претседателот на Алијансата за Албанците, Абен Таравари.

-AA се приклучи на промената, преостанатиот дел е ДУИ во неволја!, пишува тој.

Таравари инаку за утре во Куманово закажал состанок со делегатите на Централното собрание на Алијанса, а од друга страна за в сабота претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села закажа седница на ова партиско тело на кое најави дека ќе се бара одговорност од партискиот лидер.

Партијата сега предлага разрешување на двајцата министри во Владата од Алијанса, кои застанаа на страната на Таравари.

Поврзани новости