110
Холивудската ѕвезда Бред Пит повторно ќе соработува со Квентин Тарантино, по успешните улоги во филмовите „Проколнатиот“ и „Беше еднаш во Холивуд“.
Бред ќе соработува со Тарантино на неговиот нов и последен филм „The Movie Critic“, кој најверојатно ќе се одвива во Калифорнија во текот на 1970-тите.
Се шпекулира дека заплетот на филмот е инспириран од животот на Полин Каел, една од највлијателните филмски критичарки во тоа време, пишува Variety.
Соработката на овие двајца великани, на Бред Пит му донесе Оскар за 2019 година за најдобра споредна машка улога во филмот „Беше еднаш во Холивуд“.