Александар Тарабунов ја изведе македонската химна за време на прославата во Американската амбасада. Настанот се одржа вчера, а како што информираа од Амбасадата, имало над 900 гости, нивни пријатели и партнери, по повод Денот на независноста, 4-ти Јули.
Традиционално, се изведуваат американската и македонската химна ,,Денес над Македонија се раѓа”. Годинава Тарабунов ја отпеа акапела македонската химна, а настанот се пренесуваше во живо на страницата на амбасадата.
-И во сон да го прашаш, ќе го знае текстот!- напиша неговата сестра Христина Тарабунова, под видеото од неговиот настап.
Текстот на химната, од кој пред четири години изостави еден стих пејачката Тамара Тодевска, за време на прославата во амбасадата, се уште е актуелна тема во јавноста.
Нејзините извинувања и појаснувања дека се случила ненамерна грешка не наидоа на разбирање кај пошироката јавност, па и до денес и се прилепува пропуштениот стих, кој таа дури и го истетовира на телото.
В.К.