518
Претседателот на Антикоруциската комисија, Игор Тантуровски во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека обвинувањата за злоупотреба на државни пари во Антикорупциската комисија нему му изгледаат како заговор.
-80 отсто, да не речам 100 отсто од информациите во објавениот извештај од ревизијата се неточни и извадени од контекст. Членовите на Антикорупциската комисија земале патни трошоци според Закон изгласан во Собранието. Во ист ден портал објавува, во ист ден Јавното обвинителство отвора истрага. Зарем тоа не звучи како заговор?, праша Тантуровски.