„Танец“ настапи пред полупразна сала во Тетово, жителите не биле информирани

by fokus

Жителите на Тетово останаа неинформирни дека во градот вчера гостуваше најпознатиот национален ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“. Локалните медиуми и новинари не беа известени и затоа немаше најава за настанот.

Малкутемина посетители на социјалните мрежи споделија информација дека за настапот разбрале случајно кога виделе информативен постер залепен на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“.

Од Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ кратко соопштија дека биле презафатени за да ги информираат новинарите.

Ансамблот „Танец“ гостувал по повод големиот јубилеј – 70 години од постоењето. Од таму информираа дека настапиле со целиот ансамбл составен од играорниот кор и вокално-инструменталниот состав.

Поврзани новости