Танасоски: Ќе се укине царината за заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција

by fokus

Владата ќе донесе одлука за автономни мерки за ослободување од плаќање на царина на суровини за медицински цели, најави директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

-Од плаќање на царина ќе бидат ослободени средствата за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, очила и друга заштитна опрема, рече директорот на денешната прес-конференција.

Ќе има олеснување на царинската процедура и за снабдувањето на етилалкохол. Тој најави дека ќе се олесни регистрацијата на економските оператори кои користат етилалкохол.

-Побарани се итни законски измени за издавањето на одобренијата за акцизно повластено користење за етилалкохол кој се користи во аптеките или компаниите кои произведуваат дезинфекциски или други помошни и лековити средства. Обврската се одложува во траење од шест месеци, рече Танасоски.

Поврзани новости