Тамара Тодевска: Во овие најсреќни денови од мојот живот, фалиш да го споделам тоа со тебе, мој сакан Влатче

by fokus

Македонската поп-пејачка, Тамара Тодевска пред неколку дена на свет го донесе синот Дарен. Таа на својот профил на Фејсбук напиша емотивна порака за нејзиниот добар пријател и колега, Влатко Илиевски, кој во текот на летото ненадејно почина на 33-годишна возраст.

Таа сподели песна од групата „Морал“ во која фронтмен беше Илиевски, додавајќи дека секој ден помислува на него и жали што овие нејзини среќни денови не може да ги сподели со Илиевски.

„Ми текнува на овој дел од концертот, кога се појавија „Морал“ и кога Влатче беше највеќе свој додека пееше со нив. Колку плачев од среќа, зошто знаев дека во тој момент беше најсреќен на светот. Ова беше музика која највеќе му лежеше и највеќе му стоеше. Ваков го запознав и ваков ќе го запамтам. Покрај тоа што беше уметник и уникатен, беше другар за пример, полн со љубов, емоција, емпатија. Многу ми фали да ме насмее, да ме извади од такт, да ме расплаче. Фалиш друже. Во овие најсреќни денови од мојот живот, фалиш да го споделам тоа со тебе. Секој ден. Секој ден помислувам на тебе, не можеш да ми пројдеш низ главата. Многу те сакав и секогаш ќе постоиш во моето срце длабого врежан. Мојот сакан Влатче. Мојот најсакан другар, брат, колега. Слава ти“, напиша Тамара на својот профил.

Фото – Фејсбук Тамара Тодевска

Поврзани новости