1K
Македонската пејачка Тамара Тодевска минатата година направи неверојатен успех, освојувајќи го осмото место на Евросонг 2019. За после само неколку месеци, да доживее стрмоглав пад во очите на македонската јавност кога при изведба ја погреши нашата химна.
Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ таа говореше за целата ситуација и за моментите кои ги поминала додека се случувал тој непријатен период за неа.
„Ми пречеше тоа, јас сум емотивен човек. Грешката беше ненамерна и уште повеќе ме боли кога некој не ми верува. Верувам дека тоа со тек на времето ќе избледи. Ќе ја истетовирам химната, баш онаа строфа што ја заборавив“, рече Тодевска.