Тамара со концерт во Антички театар

by fokus

Нашата годинашна евровизиска претставничка Тамара Тодевска ќе одржи целовечерен концерт во Охрид. Настанот ќе се случува во Античкиот театар, на 27-ми јули, со почеток од 21 часот, а бројот на влезниците бил ограничен.

Истите ќе бидат пуштени во продажба утре, по цени од 500 денари за стоење, 600 денари за сребрени седишта и 700 денари за таканаречените златни седишта. Организатор на концертот е Авалон продукција, од каде најавуваат исклучителна вечер.

-Големо задоволство ни е да ви најавиме дека извонредната Тамара ќе го одржи својот прв целовечерен концерт после Евровизија 2019, во организација на Авалон Продукција, во Охрид. Како локација го избравме охридскиот Антички театар затоа што е единствен уникатен простор во кој што сите концерти кои сме ги правеле таму, биле навистина незаборавно искуство како за публиката, така и за изведувачите. Тамара ќе настапи со песните кои ја одбележаа нејзината кариера, од почеток па се` до извонредните настапи со PROUD околу финалето и во финалето на овогодишната Евровизија – информираат од продукцијата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости