499
Тамара Тодевска синоќа го освои осмото место на финалето од Евровизијата во Израел. Македонската претставничка имаше емотивен перформанс, а долго време жирито не држеше на врвот, пред Шведска.
Тамара за „Фокус“ изрази благодарноста за огромната поддршка, додавајќи дека ова и е едно прекрасно животно искуство.
„Многу сум среќна со постигнатиот успех. Ви благодарам на сите за поддршката. Ве сакам. Ова е едно искуство што никогаш во живот нема да го заборавам. Се надевам дека ве направив горди бидејќи и јас сум горда со сето она што го постигнавме“, ни изјави Тамара.
Победник на овогодинешниот Евросонг е Холандија, благодарение на огромниот број поени дадени од публиката.
Јорданчо Цветаноски