Популарната поп пејачка Тамара Тодевска е една од музичките гостинки на Скопје Прајд 2023, кој се одржува денес. Таа пееше на Парадата на гордоста во Скопје и во 2019 година, во знак на поддршка на ЛГБТ заедницата.
Нејзиниот настап ќе се одржи на Стадионот на АРМ во Градскиот парк.
Покрај Тодевска, настапи ќе имаат и дрег кралиците Iggy Mona Asentra, Fendy Mama и Daria Buffy, Алексис Вандеркант Пластик, Зои Пластик, Суннока, Лоакин, како и многу други музички гости.
Најавено е гостување на Винја, Дејан Сламков, Стефан Стрејнџ, Виолета Качакова и многу други.
Маршрутата за Скопје Прајд започнува од 17 часот, со собирање од паркот „Жена-борец“ од каде во 19 часот продолжува по улицата Димитрие Чуповски преку Рекорд – улица Даме Груев и булевар ВМРО до крстосницата пред мостот Гоце Делчев – булевар Илинденска покрај Влада – улица Ленинова покрај арена „Тоше Проески“ и крајна дестинација е Стадион на АРМ.
Вики Клинчарова