Тамара ќе пее во најпознатиот геј-клуб во Лондон!

by Фокус

Нашата евровизиска претставничка Тамара Тодевска ќе настапува во Лондон, во најстариот геј-клуб во Англија, популарниот Royal Vauxhall Tavern. Настанот на кој ќе пее Тодевска е наречен ,,Еурофест” и ќе се случува на 10-ти јануари, а билетите по цена од седум британски фунти (околу 500 денари) веќе се пуштени во продажба.

Клубот познат и како РВТ е изграден во далечната 1860 година, а по втората светска војна веќе бил познат како едно од најпопуларните места за собирање на геј популацијата. Голем број на познати ѕвезди имале свои настапи во РВТ, каде се одржуваат тематски забави, кабаре програми и разни контроверзни уметнички шоу претстави.

Клубот е препознатлив како едно од местата со најголема важност за ЛГБТ популацијата во историјата и има добиено голем број на признанија поради својата улога во подигањето на свеста и прифаќањето на членовите на ЛГБТ заедницата во општеството.

„Седум часа со најголемите евровизиски хитови! Горди сме што во живо ќе ни пее победничката од жири гласовите на Евровизија 2019, Тамара Тодевска, од Северна Македонија“, информираат на страницата на клубот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости