Тамара ги откажа концертите во Прилеп и Охрид: Ненамерната грешка прерасна во пекол за мене и моето семејство

by fokus

Македонската евровизиска ѕвезда, Тамара Тодевска, повторно се огласи по повод нејзиното интонирање на химната за време на прославата по повод 4 јули во американската амбасада. На својот фејсбук профил Тамара објави нов статус во кој известува дека ги откажува најавените концерти во Прилеп и Охрид.

„Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор.

Со почит, Ваша Тамара“, пишува таа.

Поврзани новости