Тамара Димовска конечно заминува на операција во Турција

by Фокус

Деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која има искривување на рбетот конечно ќе замине на операција во Турција на сметка на државата, информираа преку соопштение од Фондот за здравство. Таму ќе и биде извршен седмиот оперативен зафат, со што се очекува подобрување на нејзината здравствена состојба.

– Комисиите за лекување во странство при ФЗОМ донесоа позитивно решение и осигуреното лице Т.Д. ќе биде испратено на лекување во реномирана болница во Турција – се наведува во соопштението од ФЗОМ.

Нејзината мајка вчера преку фејсбук се пожали дека цело време се заглавени во административни процедури, а здравствената состојба на нејзиното девојче се повеќе се влошувала.

Поврзани новости