Во Кривичниот суд денеска продолжуваат судењата за предмети на СЈО и тоа со сатрите обвинители. Па така, на рочиштето за случајот „Талир 2“ треба да се појави обвинителката Ленче Ристоска, а на „Тарифа“ обвинителот Трајче Пеливанов.
Републичкиот јавен обвинител Љубоми Јовески ги овласти овие обвинители да ги довршат започнатите предмети, како што тоа го стори и за случајот „Монструм“, во кој надлежни се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
Во случајот „Талир 2“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, кои, според обвинението на СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпр ијатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.
Обвинетите спротивно на законските прописи прибавиле значителна имотна корист за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во износ од 507.164.424 денари, односно 8.246.576 евра.