712
Талибанските власти во Авганистан забранија емитување серии во кои глумат жени, во рамките на новите строги правила во таа земја.
Жените новинарки и водителки ќе мора да носат шамија или кое било друго парче облека што им ја покрива главата.
Тоа вклучува забрана за филмови чија содржина се смета дека е против исламскиот закон и авганистанските вредности, како и забрана за комедии кои ја навредуваат религијата или се навредливи за Авганистанците, пишува Би-Би-Си.