Талибанците во лов на луѓе

by fokus

Талибанците спроведуваат организиран лов на луѓе од својата листа на цели и притоа се одлично организирани, изјави за Би-би-си Кристијан Нелеман, шеф на норвешкиот Центар за глобални анализи, кој обезбедува разузнавачки информации за Обединетите нации.

-Она што го видовме е дека талибанците имаат прилично напреден разузнавачки систем. Имаат список со имиња на лица и во првите часови од влегувањето во поголемите градови, вклучително и Кабул, тргаат во лов од врата до врата на поранешни владинини вработени, пред се оние во разузнавачките служби и специјалните единици на војската – рече Нелеман.

Тој додаде дека тоа може да доведе до масовни егзекуции.

-И не само до тоа, туку и до масовно разоткривање на методите и разузнавачките мрежи што Западот ги воспостави во Авганистан. Ова во голема мера може да ја поткопа работата на цела низа разузнавачки служби на западните земји – додаде Нелеман.

Од друга страна, талибанците најавуваат амнестија за сите противници и права на жените во рамките на исламскиот закон, а воедно изразуваат желбата „Авганистан повеќе да не биде бојно поле“.

Поврзани новости