Tалибанците се состанале со поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи

by fokus

Претставници на талибанците имале средби со други политички сили во Авганистан, вклучувајќи го и поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи, може да се види од слики споделени на Твитер, јави ДПА.

На сликите се прикажани Карзаи и Абдула Абдула, претседател на Високиот совет за национално помирување, на средба со Анас Хакани, висок припадник на талибанците и висок водач на авганистанската герилска бунтовничка група Хакани.

ДПА, повикувајќи се на локални неименувани извори, јавува дека средбата се одржала во куќата на Абдула во Кабул.

Содржината на разговорот не е позната. За средбата нема детали ниту на официјалните талибански канали, а не може да се стигне ниту до портпаролите на Карзаи и на Абдула.

Портпаролот на талибанците на прес -конференција соопшти дека тие сакаат да ја споделат власта со други политички сили во земјата.

Поврзани новости