Талибанците прогласија амнестија за сите државни службеници

by Fokus

Талибанците прогласија амнестија за сите државни службеници, повикувајќи ги да се вратат на работа, два дена по преземањето на власта во Авганистан.

-Прогласена е општа амнестија за сите, треба да го продолжите вашиот животен стил со целосна доверба, се вели во соопштението на Талибанците.

Авганистан западна во хаос, откако Талибанците окупираа делови од земјата во последните денови и влегоа во Кабул викендов, додека САД се обидуваа да ги повлечат своите сили, дипломати, сојузници и Авганистанци кои работеа со коалицијата 20 години.

 

Поврзани новости