Талибанците подготвени да ја преземат контролата над аеродромот во Кабул

by Fokus

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека припадниците на движењето држат поединечни позиции на аеродромот во Кабул и оти се поодготвени мирно да ја преземат контролата кога ќе се повлечат американските војници.

Талибанците распоредија дополнителни сили пред аеродромот во Кабул за да спречат собирање на поголеми групи луѓе по бомбашкиот напад на 26 август, при што загинаа 13 американски војници и 169 Авганистанци.

– Чекаме конечен одговор од Американците за да преземеме целосна контрола над аеродромот во Кабул, бидејќи двете страни имаат за цел итно примопредавање, изјави неименуван талибански претставник.

Поврзани новости