506
Авганистанските талибанци наредија сите вработени во владата да носат брада или ќе бидат отпуштени, објави „Ројтерс“.
Претставници на Министерството за промоција на доблестите и спречување на пороците од денеска веќе почнаа да ги посетуваат државните служби за да проверат дали сите вработени се придржуваат до новите правила.
Талибанците исто така пропишаа строг кодекс на облекување, а државните службеници ќе треба да носат долга, широка туника и панталони и турбан или капа.
Покрај тоа, тие мора да се молат во одредено време во текот на денот.
Минатата недела талибанците им забранија на жените да летаат доколку немаат машка придружба, а на средношколките сè уште не им е дозволено да се вратат на училиште.