Талибанците бараат нивниот кандидат да биде амбасадор на Авганистан во ОН

by Fokus

Меѓународно непризнаената талибанска влада во Кабул повторно ги повика Обединетите нации да го признаат нивниот кандидат за претставник на Авганистан во таа меѓународна организација.

Талибанскиот кандидат Сухаил Шахин синоќа на Твитер објави дека местото авганистански амбасадор во ОН треба да му биде доделено на претставник на талибанската влада.

„ОН се големо светско тело и нивниот кредибилитет лежи во нивната неутралност“, напиша Шахин на Твитер, додавајќи „барање“ до ОН да ја докажат својата неутралност со доделување на функцијата амбасадор во ОН на актуелната авганистанска влада.

Претходно овој месец, Генералното собрание на ОН донесе резолуција со која се одложува одлуката за признавање на авганистанскиот амбасадор.

Столчето во Обединетите нации и некои други мисии во странство станаа цел на поделби меѓу талибанците и прогонетите претставници на поранешната влада.

Повикот на Талибанците дојде еден ден откако авганистанската мисија во ОН издаде соопштение во кое се вели дека Насир Ахмад Фаик „го презеде водството во мисијата, како вршител на работите“.

Фаик претходно беше заменик-амбасадор на Гулам Исацзаи, кој беше соборен од авганистанската влада. Изацаи поднесе оставка на 15-ти декември, изјави портпаролот на ОН

Талибанците ја презедоа власта во Авганистан на 15 август, кога нивните сили влегоа во главниот град Кабул при повлекувањето на американската армија и нивните западни сојузници од оваа земја.

Поврзани новости