349
За да се намалат цените, најдобро ќе беше да произведуваме електрична Енергија, вели за Детектор, Валдо Талевски од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
„ЕСМ не произведуваше електрична енергија. 2021 е најкатастрофална година во производство на енергија за ЕСМ. Во 2019, во нивното владеење, ЕСМ произвело 4250 гигават часови, во 2020 има пад 3642 гигават, во 2021, 3170 гигавати вкупно произвела ЕСМ со сите капацитети и хидро капацитетите. Овде се случи еколошка катастрофа на хидро електраните. РЕК Битола произведе неверојатно црни 1900 гигават часови“ – вели Талевски за Детектор.