Талевска побара да и биде вратен пасошот за да може да го отплаќа кредитот во Србија

by fokus

Одбраната на Ивона Талевска денеска пред Апелациониот суд во Скопје побара да ѝ биде вратен пасошот кој ѝ го одзема судот. Како аргументи, одбраната на Талевска го наведува тоа што обвинетата редовно се јавувала кај органите на прогонот, но и дека била вработена, што укажува дека не може никаде да избега.

Притоа, таа морала да патува бидејќи имала договор за работа со српска фирма, што укажувало на потреба за почесто патување надвор од земјата.

„Доколку Талевска не патува, таа нема да може да ја извршува својата професионална работа, а со тоа нема да може да го исплати кредитот за стан кој го има земено. Судот имал предвид дека обвинетата е новинар, како и сите околности наведени во решението“, вели Стевчо Донев.

СЈО ја товари Талевска за даночно затајување, преку Смарт груп дооел Скопје. Одбраната побара да бидат укинати мерките претпазловост за обвинетата Ивона Талевска, на која моментално ѝ е одземена патната исправа.

Поврзани новости