Талески: Во шок сум, се виде дека полицаецот намерно ме удри

by fokus

Без никаква причина бев удрен со пендрак по главата од полициски службеник во моментот кога се обидував да спречам турканица помеѓу неколку ракометари, вели ракометарот Филип Талески во изјава за Канал 5 по инцидентот кога полицаец го удри со пендрек по финалето од Купот на Македонија.

-Очигледно беше дека полицаецот тргна со намера да удира, ако не бев јас тогаш сигурно пендракот ќе завршеше во нечија друга глава. Наеднаш дојде од позадина и со пендрак замавна со цел да ме удри. Да не бев јас, можеби ќе беше некој друг играч, но се виде дека со намера го направи тоа, да употреби сила. Навистина не знам како е можно од полицаец да добијам удар со пендрек. Не направив ништо за тоа да го заслужам. Во шок сум, како и целата ракометна јавност во Европа. Тие сцени го обиколија целиот ракометен свет. Добив многу пораки за поддршка. Исто така, верувам дека надлежните органи ќе си ја завршат работата во овој случај. Верувам дека такви работи нема да се случуваат во иднина, изјави македонскиот репрезентативец.

Поврзани новости