Суштината е како помина вчерашниот ден на констутивната седница, една несериозна непринципиелност и на повидок една изборна измама која ја прави ВМРО-ДПМНЕ према граѓаните. Со оглед на тоа дека тие им кажуваа на граѓаните дека носителите на високите позиции, меѓу кои и претседателот на Собранието ќе бидат од македонска националност. Ги излажа дека ќе го променат Преспанскиот договор, па сега вечерва пред целиот македонски аудиториум од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да биде кажано дека не само дека тоа е нова реалност, туку дека Република Северна Македонија ќе им биде во целокупнато институционално претставување на функционерите. Тоа е лицемерието, изјави претеникот од СДСМ, Миле Талески во 24 Анализа на ТВ 24.
Во врска со положувањето заклетва од страна на новиот спикер, Африм Гаши, Талески истакна дека не смее да се дозволи Уставот да се прекршува.
-Реагиравме од СДСМ и нашата потпретседателка излезе со конкретна претставка со тоа дека беше прекршен Уставот на државата, затоа што официјален јазик во Република Северна Македонија е македонскиот јазик. Значи заклетвата на сите избрани функционери, без разлика кој од која политичка партија доаѓа, и дали е од една или друга националност, има обврска заклетвата да ја прочита на македонски јазик. Тоа вчера не се случи, рече Талески.