Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери попладнево пристигна во Анкара, Турција каде беше пречекан од Исмаил Бурге, претседател на Интерпарламентарната група за пријателство Турција – Македонија.
Во рамки на официјалната посетата на Турција предвидено е Џафери утре да има средби со турскиот колега, спикерот на Големото национално Собрание на Турција Исмаил Кахраман, со премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим, и со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.
Џафери ќе го посети Мевзолејот на Ататурк како и делот кој што беше бомбардиран во текот на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година.
Турција е парламентарна демократија. Откако се формирала како република во 1923 година, Турција развила долга традиција на секуларност. Уставот е највисок правен акт во државата и тој ги наведува основните правила на владеење на државата и нејзините органи.