Талат Џафери се налути и ја прекина собраниската седница, „вмровците“ бараат извинување од народниот правобранител

by Fokus

Собранискиот спикер Талат Џафери ја прекина собраниската седница, откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа пауза од еден час, тврдејќи дека се навредени од народниот правобранител Иџет Мемети, при што побараа извинување.

„Вмровците“ се навредија откако Мемети им кажа дека му стигнуваат пораки од граѓани, жртви на насилство, кои му посочуваат да не се расправа со нив, затоа што тие најубаво ги знаат.

На денешната собраниска седница се пријавија 35 говорници, се со цел на дневен ред да не дојде точката за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

 

 

 

Поврзани новости