Талат Џафери ја откажа денешната собраниска седница

by Fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја откажа денешната седница, на која точка на дневен ред беше разреѓувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Седницата ја презакажа за во понеделник во 11 часот.

Тој вчера ја прекина собраниската седница, откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа пауза од еден час, тврдејќи дека се навредени од народниот правобранител Иџет Мемети, при што побараа извинување.

„Вмровците“ се навредија откако Мемети им кажа дека му стигнуваат пораки од граѓани, жртви на насилство, кои му посочуваат да не се расправа со нив, затоа што тие најубаво ги знаат.

Поврзани новости