Талат Џафери избран за претседател на Собранието – власта аплаудираше, опозицијата ја напушти седницата

by Frosina Fakova

Талат Џафери кој претседаваше и со претходниот состав на Собранието, попладнево повторно беше избран за претседател на Собранието.

„За“ неговиот избор гласаа 62 пратеници, а „против“ гласаа 43 пратеници. Изборот на Џафери беше дочекан со аплауз од власта, а опозицијата ја напушти седницата.

Гласањето за негов избор го водеше пратеникот Горан Мисовски, по што Џафери даде свечена изјава.

Тој им се заблагодари и на тие што гласале за неговиот избор, но и тие кои биле против неговит избор и рече дека ќе биде претседател на сите пратеници.

Џафери беше предложен за уште еден четиригодишен мандат за претседател на Собранието со 62 потписи на пратениците од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА.

Предлогот за претседател на Собранието на денешното продлжение на седницата го образложи пратеникот Изет Меџити од ДУИ, кој кажа дека во минатиот период Џафери ефикасно и успешно раководел со законодавниот дом, согласно законите и Уставот.

 

Поврзани новости