Талат Џафери до пратениците од ДПМНЕ: Можете да барате паузи колку сакате, но до бескрај тоа нема да оди

by Fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги предупреди пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да дозволи барањата паузи да одат во бескрај.

– Може да продолжите да барате пауза колку што сакате, тоа немам намера да го спречам. Граѓаните кои не следат ќе проценат и ќе одлучат на 15 октомври. Нема никаков проблем да настојувате да барате паузи. Ќе ви давам пауза на секој саат, но до бескрај така нема да оди. Ќе се оди по Деловник, ќе го спроведам само Деловникот – истакна Џафери.

Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ  цитираше член 8а од Изборниот зконик според кој, како што напомена, од распишување до завршување избори не може да се почне постапка за вработување или престанок на работен однос, алудирајќи на разрешувањето на јавниот обвинител Зврлевски.

Поврзани новости