Повеќе од сто љубљански таксисти протестираа низ центарот на градот против одлуката на владата дека мора да се тестираат против коронавирусот на секои 72 часа сѐ со цел да можат да работат.
Нивниот синдикат предупреди дека протестите ќе ескалираат во наредните денови доколку владата не ја повлече одлуката што за нив се чини нелогична и прекумерна додека се укинат некои ограничувања.
Од здружението на таксисти велат дека владата не пропишувала задолжително тестирање дури и кога инциденцата на инфекција била многу поголема и кога ги возеле луѓето во болници и на тестирање поради прекин на јавниот превоз.
Министерот за транспорт, Јернеј Вртовец инсистира на тоа дека одлуката е оправдана, но може да се промени доколку се подобри епидемиолошката состојба.
Прочитајте и… Холандскиот суд ѝ нареди на Владата да го укине полицискиот час, по масовните протести
Вртовец вели дека таксистите се во слична положба како инструкторите во автошколите кои, исто така, треба да бидат тестирани затоа што се во близок контакт со патникот во возилото, за разлика од возачите на автобуси кои се доволно далеку од патниците, па затоа тестирањето за нив не е задолжително.