Таксист сакал да му наплати поскапо на Американец, откако го одбил, го возел низ Скопје не дозволувајќи му да излезе од возилото

by Fokus

Таксист сакал да му наплати поскапо на Американец, а откако тој го одбил, го стартувал возилото не дозволувајќи му да излезе, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 19,10 часот во Полициската станица -Центар , Р.Р. (32) од Северна Каролина-САД, со привремено престојувалиште во Скопје, пријавил дека истиот ден околу 16.45 часот од плоштадот “Скендербег“ се качил во такси возило и му кажал на возачот да го однесе до  хотел  во Скопје. Откако пристигнале пред хотелот, таксистот му побарал да плати 400 денари, а на таксиметарот стоела сума од 110 денари. Р.Р. рекол дека тука живее и знае колку чини такси превоз, по што таксистот започнал на англиски јазик да го навредува и го стартувал возилото со полна брзина, не дозволувајќи му да излезе од возилото, кажувајќи му дека сега тој е главен и тој ја контролира ситуацијата. Поради густиот сообраќај во близина на продавница за бела техника таксистот подзастанал, при што Р.Р. ја искористил ситацијата ја отворил вратата и скокнал од возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости