637
Таксист вечерва е пронајден мртов под Железничката станица во Скопје, потврдуваат од МВР.
Од таму додаваат дека станува збор за маж на возраст од околу 58 години и дека врз телото на починатиот не се пронајдени траги на насилство.
Истрагата е во тек и со повеќе детали МВР ќе излезе утре.