98
МВР информира дека вчера попладне во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Словенија“ во Скопје Ќ.В.(62) од Скопје, кој управувал патничко возило за такси превоз „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал патник, откако му се слошило, со возилото излетал од коловозот и удрил во дрво.
По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.