Таксист нашол картичка на патник, па си пазарел со неа

by Fokus

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Р.С.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 13.03.2022 во Кочани, пријавениот во неколку наврати употребил платежна картичка која ја пронашол во такси возило кое го управувал, при што го оштетил лицето за 7.310 денари.

 

Поврзани новости