Отворање на 3.900 работни места и инвестиција од 205 милиони евра за 10 години – ова е најголемиот инвестициски договор во земјава.
Во Тајпеј денеска ова го потпишаа директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и првите луѓе на тајванската корпорација „Јагео“.
„Направивме многу истражувања, но главната причина за нас да ја донесеме конечната одлука како групација беше 10-годишното искуство исто така и позитивниот однос и поддршка на Владата. Тоа се двата најважни фактори за нас, стабилноста на државата и квалитетната работна сила. Два производствени капцитети ќе се градат во Скопје, првиот во јули догодина, а потоа во втора фаза и во Штип“ – изјави Дејвид Ванг, главен изврешен директор на „Јагео“
Се планира производство на резервни делови и компоненти за електрични возила, како и софистицирана опрема за зелени технологии, но и развојни и истражувачки проекти во соработка со македонските универзитети.
„Тајванската корпорација `Јагео` е еден од нејголемите снабдувачи со делови и електроника за автомобилксата индустрија, електронски компоненти за новите зелени технологии, 5Г телекомуникации, медицината, одбраната. На три континети има 49 производни капацитети и 20 центри за истражување и развој“ изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.