Тајсон обвинет за уште едно силување во 90-те од минатиот век

by Fokus

Поранешниот светски боксерски првак во тешка категорија Мајк Тајсон се соочи со уште едно обвинение дека силувал жена на почетокот на 90-те години од минатиот век, јавија денеска американските медиуми.

Истите извори наведоа дека тужбата овој месец во Њујорк ја поднела жена која не сака во јавноста да биде откриен нејзиниот идентитет, а бара отштетата од пет милиони долари за претрпена „физичка, психичка и емоционална болка“.

Жената тврди дека Тајсон ја силувал во лимузина, откако го сретнала во ноќен клуб во Њујорк. Без да го наведе точниот датум, жената тврди дека тоа се случило на почетокот на 90-те години од минатиот век, приближно во ист период кога и Дезајр Вашингтон тврдеше дека Тајсон ја силувал во Индијанаполис.

Тајсон во февруари 1992 година беше осуден за тој случај и отслужи казна затвор од три години за силување.

Поврзани новости